Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, крадецот снимен како краде (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Непознато лице го ограбило манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во село Обрштани, Кривогашатани. На снимката од безбедносните камери се гледа машко лице со маска на главата како краде пари од манастирот.

„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, повикаа од манастирот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com