Поранешниот легендарен пејач на Бјело Дугме, Жељко Бебек објави на Фејсбук дека крадци во Загреб провалиле во комбето на неговата музичка група и украле вредна опрема .
Тој објави список на опремата што е украдена и побара да го контактира секој што знае што било за опремата или доколку забележи дека се продава.
„Групата на Жељко Бебек беше ограбена во Загреб и украдена е опремата од бас гитаристот и гуитаристот и разни други нешта (микрофони, кабли, куфери, штандови и сл.) Доколку имате било какви сознанија за истата, проверете ги сериските броеви и слично пред да ја купите истата или слична опрема, ве молиме известете не ако имате некаква информација“, објави Бебек на Фејсбук .