Дваесет и шестгодишниот Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата на НЛБ Тутунска банка е повреден во вооружениот грабеж кој утрово се случил во Чаир, потврдуваат од СВР Скопје.
Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Ферид Бајрам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата, соопштуваат од СВР Скопје.
Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.
Сторителите успеале да одземат пари од банката.