Вкупно 14 крадци упаднале во продавница на Луј Витон во предградието на Чикаго, при што заплениле значителна количина на стока продадена таму, информира NBC.
Разбојниците влегле во продавницата околу 15.30 часот, информира полицијата која ги одзела снимките од безбедносните камери.
Крадците носеле дуксери и маски додека ја напуштале продавницата со чанти и други луксузни додатоци што се продавале таму.
Од полицијата велат дека сите 14 лица успеале да побегнат од местото на злосторството.
При грабежот не било употребено оружје и нема повредени.
Според првичните проценки, вкупната вредност на земената стока се проценува на 120.000 долари.