Спасена е главната конструкцијата на катедралата Нотр Дам во Париз која синоќа ја зафати стравичен пожар.
“Конструкцијата на Нотр Дам е „спасена од целосно уништување“, соопштија од противпожарната служба. Две третини од покривот се уништени, но легендарните кули се „спасени“ од пожарот.
И државниот секретар ги потврди зборовите на пожарникарите, дека зградата е безбедна:
„Пожарот е послаб. Сега сме во фаза на ладење, но обете кули се безбедни. Сè уште се обидуваме да ги спасиме уметничките дела од катедралата“, рече Лорен Нун, државен секретар во француското Министерство за внатрешни работи и соопшто дека еден пожарникар е сериозно повреден во пожарот.
Во гаснење на пожарот учествуваат над 400 пожарникари. Интервенција од воздух не доаѓала во предвид бидејќи постоело опасност од уривање на конструкцијата.
“ Сочувство со целата нација. Моите мисли се насочени до сите католици и Французи. Како сите наши сонародници, ноќва сум тажен додека гледам како гори дел од нас. Но, свечено може да кажам дека со заеднички сили повторно ќе ја изградиме катедралата. Тоа е наша судбина и наш проект за наредните години. Французите го очекуваат тоа од нас, историјата го бара тоа од нас, тоа е наша судбина“, напиша на Твитер претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Инаку, Нотр Дам е споменик на културата кој датира од 12 век. Го посетуваат од 30 до 50.000 луѓе на ден. Светските лидери Меркел, Трамп и меѓународната заедница искажаа загриженост и сочувство за големата загуба.