Новинарот на ТВ 24, Огнен Јанески преку својот Фејсбук профил ја прокоментира состојбата со имунизацијата кај нас:
“ Никогаш не сме знаеле кога, што и како. За вакцините можевме да го направиме тоа во кое сме најдобри како земја. На сите ќе ви биде јасна сликата која ви ја претставувам:
Сите држави чекаат во ред, пред шалтерот за вакцини. Македонија доцни, како и по обичај. Влегува преку цел ред, малку ,,срамежливко” потсвената, игнорира сè околу себе, застанува сведната во ‘рбетот (стил на граѓанска понизност кон моќта) пред отворот на стаклото од шалтерот, ја симнува маската за да и’ читаат од усните што глаголи и рафално, со библиотечен глас вели:
– ,,СамоДаПрашамНешто!?”
Во рок од пет минути завршува работа. На услугодавачот му е гајле, штом тие кои се во редот се воспитани и културни да не се бунат против насилникот, туку превртуваат очи само, чекајќи. Сепак, Македонија исправајќи се гордо од шалтерот, ама глумејќи срамежливост повторно, дошепнува:
– ,,Дај ми една уплатница, да не мислат сум го скокнала редот. Фала, чао.”
И така, полетно си оди, со завршена работа, замавнувајќи со уплатницата (демек, немаше, бараше глупиот во фиоката дали останала, затоа се задржав), излегува надвор, ја вади маската и ја фрла на земја и со цигарчето си оди на кафе-муабетче.
АМА НЕ! Ние се одлучивме за следната слика во приказната:
Македонија во продавницата за вакцини:
– ,,Повелете? Како да Ви помогнеме?” – велат оттаму.
— ,,Не, фала. Да разгледам само и ќе се вратам.” – одговара Македонија, тивко и низ тегобна насмевка, полека движејќи се кон излезот, за да продолжи кон следната продавница за вакцини“ напиша Огнен Јанески на својот Фејсбук профил.