ОГЛАДНЕ ОД ОСКАРИТЕ: Салма Хаек се вратила дома, го откопчала фустанот и го нападнала печеното месо (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Салма Хаек, воодушеви со своето појавување на Оскарите, но она што го направила подоцна истата вечер ги натера луѓето да ја наречат „единствената кралица“.

Имено, Салма на својот Инстаграм профил сподели видео во кое јаде парче печено месо во кујната со откопчан фустан.

„Очекувањата наспроти реалноста“, се слуша како вели нејзината ќерка додека ја снима како јаде.

Видеото насмеа многумина, а Антонио Бандерас во коментар остави три емотикони кои плачат од смеење.

„Салма нè претставува сите нас жени кога ќе се вратиме дома од забава“, „Еве зошто е единствена кралица“, „Сите сме Селма“, „Браво Селма што го покажа вистинскиот живот“, се само дел од коментарите во видеото кое собра над 600 илјади допаѓања.

Инаку, Селма на тепихот на Оскарите се појави во портокалов фустан со светки, придружувана од нејзината 15-годишна ќерка Валентина.

SALMA HAJEK SA ĆERKOM NA OSKARIMA: 14 godina ju je krila, a mnogi komentarišu da je nasledila majčin neukus za modu

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com