Сиона Чана е глава на најголемото семејство на светот, кое брои 181 член. Има 39 жени, 94 деца, 14 снаи и 33 внуци.
Иако бил градежен работник, успеал да го прехрани целото семејство, а во едно интервју изјавил дека е благословен човек.
„Се сметам за среќен човек, бидејќи сум маж на 39 жени и глава на најголемото семејство на светот.“
Животот во семејна куќа со 100 соби на четири ката во Бактванга во Индија, е како во војска. Сè е прецизно одредено: кој член на семејството кога станува, кој прв се бања, кога се појадува, кој има предност, а кој треба да чека на ред.
Првата сопруга Затианги (71) ги организира сите преостанати членови кога станува збор за домашните обврски, па куќата со 100 соби секогаш е беспрекорно чиста.
„Јас сум најстарата и првата жена на Сиона. Поради тоа, сите во семејството треба да ме почитуваат“, рекла Затианги.
Сиона развил ротациски систем кога станува збор за неговите брачни должности во кревет. Сите 39 жени се менуваат во неговиот кревет, според одреден систем што тој го смислил.
Парлиана е 50-годишниот син на Сиона кој открил дека татко му одбрал да ѝ припаѓа на секта која им дозволува на мажите да имаат повеќе жени, а некои од нив ги оженил за да ги спаси од тешкиот живот на село.
Сиона починал во 2021 година на 76-годишна возраст и останал забележан во Гинисовата книга на рекорди како глава на најмногубројното семејство во светот.
Тој во Индија бил шеф на верска секта која пропагира полигамија.
Сиона наводно страдал од дијабетес и хипертензија. Тешко е да се каже дали Сиона навистина бил глава на најголемото семејство во светот, бидејќи постојат и други мажи кои полагаат право на таа титула. Исто така, тешко е да се процени точната големина на семејството на Сиона. Барем еден извештај тврди дека имал 39 жени, 94 деца, 33 внуци и ден правнук, што е вкупно 181 човек.
Според медиумите, Сиона бил роден во 1945 година. Неговата најстара сопруга, која е три години постара од него, ја запознал кога имал 17 години.