Есента стигна, а деновите ќе станат поладни и пократки, но грчкиот остров Кос и натаму останува сончев рај идеален за бегство од секојдневието.
Сместен во Егејското море, како дел од сликовитите Додеканези, Кос е познат по прекрасните плажи, пријатната клима и богатата историја. Во октомври овој маѓепсувачки остров бележи просечни дневни температури од околу 26 степени, што го прави совршен за одмор надвор од сезоната.

Со околу осум часа сонце дневно и благо ветре, посетителите можат да уживаат во удобното и пријатно време.
Иако октомври носи благ пораст на дождовите, просечно 55 милиметри месечно, времето и натаму останува главно суво, особено на почеток од месецот.
Како што месеците поминуваат, облачноста постепено расте, но почетокот на октомври и натаму дава најдобри шанси за непрекинато сончање и совршени услови за плажа.
Кос не е познат само по прекрасните плажи туку и по значајната историја. Островот особено е познат како родното место на Хипокрит, древниот грчки доктор којшто често се смета и за татко на медицината.

Ова богато историско наследство дава дополнителна слој на привлечност, овозможувајќи истражување на древните рушевини и историски локалитети со уживање во природната убавина на островот.
Крајбрежјето на островот нуди разновидни плажи, од заливи до песок којшто сјае. Без оглед на тоа дали сакате да се сончате или водни спортови, Кос има плажи за сечиј вкус.
Благото октомвриско време ви нуди море кое и натаму е идеално за капење и активности на вода. Посетата на Кос надвор од сезоната дава мирна алтернатива.

Со помал број на туристи, популарните атракции и плажите нудат опуштено искуство. Ова е совршено време за истражување на шармантните локации како што е градот Кос со живите пазари или прошетка во природа на сликовитиот остров.
Кос исто така нуди изобилство на активности на отворено. Може да ги истражите древните рушевини или да ги посетите средновековните замоци.


