Кинеската нова година официјално започна на 10. февруари во знакот на Дрвениот Змеј и според мислењето на астролозите, таа ќе им донесе многу среќа на одредени знаци на полето на работата и финансиите. Одлична можност за добра заработка ќе имаат луѓето родени во знаците Стаорец, Мајмун, Зајак, Змеј, Змија, Петел, но следниве три знака ќе бидат особено среќни.
Би требало разумно да управуваат со парите што неочекувано ќе им пристигнат и треба да се фокусираат на правење мудри финансиски избори.
(Родени во: 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012, 2024 година)
Некои Змејови во 2023 година се соочија со финансиски проблеми, но наскоро ќе ги надминат – среќата им е на повидок! За родените во знакот Змеј, особено оние кои се родени во 1964 и 1988 година, следува неверојатно добар период кога станува збор за финансиите. Од 10. февруари ќе привлекуваат пари како магнет. Ќе им се појават можности за зголемување на приходите од различни извори, а ќе имаат и голема шанса за унапредување или подобра понуда за работа.
СТАОРЕЦ
(Родени во: 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 година)
Оваа година брзо и лесно ќе заработувате пари, дури и ако претходно не било тоа така. Ќе донесете некои храбри одлуки што ќе го зголемат вашиот приход. Исто така, постои шанса да освоите награди на различни игри на среќа. Во секој случај, во 2024 година ќе се изненадите од неочекуваната добивка.
ЗАЈАК
(Родени во: 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023 година)
Ќе ви се случи брза и ненадејна промена во вашата судбина, која ќе ви помогне да се опуштите и да ги оставите зад себе финансиските долгови. Конечно вложениот труд ќе вроди со плод и ќе донесе позитивни резултати, кои ќе се одразат и на вашата сметка во банка.