Денес е официјално мојот 100-ти ден на борба против Ковид-19. Првите симптоми ги почувствував на 17 март, кратко време откако мојата 16-годишна ќерка беше тестирана за вирусот и доби позитивен резултат. Така Ен Валас од САД ја почнува својата приказна за Хафингтон пост, која повеќе од три месеци ја води битката со вирусот корона.
„Кога докторите ми кажаа дека ќе треба да бидам во карантин две недели, звучеше премногу долго. Немав идеја што всушност ме чека.
Бидејќи добив позитивен резултат, со задоволство ги споделувам сите детали за мојата болест со луѓето на социјалните мрежи, а многумина ми пишуваат барајќи совет и искуство. Еве некои од најчестите дилеми што ми ги испраќаат.
Се плашам да им кажам на луѓето дека имам коронавирус
Треба да се ослободиме од оваа стигма. Срамот нема да му помогне на никој и ако сте болни, потребна ви е помош и поддршка. Го знам тоа од прва рака – не можев да направам ништо со недели откако се разболев.
Јас дури и не можев да зборувам – немав доволно кислород за тоа. Дури и денес, три месеци подоцна, секојдневните задачи ме оставаат без здив. Ова не е време да се биде сам. Се разбира, не треба никого да ставате во опасност, но некој треба да ви донесе храна и да ви помогне.
Никој не верува дека и натаму сум лошо, поминаа два месеца
Имав среќа што никој во моето опкружување не помисли дека фолирам. Зборувам отворено за моето искуство веќе три месеци и факт е дека многу пациенти уште долго ги носат последиците од овој вирус. Верувајте им. Во овие три месеци наидов на многу луѓе што минуваат низ иста работа.
Лекарот вели дека имам благи симптоми и да останам дома, но тоа беше пред два месеца и не ми е подобро
Ако сте вие или некој што знаете дека е болен од Ковид-19, мора да побарате најдобра можна грижа. Во моментов има пандемија, болниците и лекарите се преоптоварени и се соочуваат со непозната болест.
Јас и самата морав да упатим безброј повици и да инсистирам да бидам тестирана. Има многу контрадикторни информации, пренесува Блиц жена.
Треба да инсистирате да барате грижа за себе. Ковид-19 нема да замине долго време и вашето здравје мора да биде приоритет, како и здравјето на сите ваши“, рече таа.