-Бидете сигурни дека ова ‘чудо’, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година. Мора да бидеме поготвени за превентива, а не за вакцина, – изјави претседателот на Комисијата за зарзни болести, Жарко Караџовски во гостувањето на МРТ.
– Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент. Здравствените власти се постојано во преговори со СЗО за, секоја држава да добие одредена количина од оваа вакцина и во крајна линија тоа да биде фер, а не најголемите држави да ги купат сите дози а помалите држави, особено тие што немаат финансии да останат без дози. Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина“, рече Караџовски.