Министерот за здравство Венко Филипче ги објави фотографиите од неговите колеги од Службата за итна медицинска помош, кои се постојано на терен со цел да обезбедат најголема можна заштита на заболените.
Д-р Александра Пејовска
„Горд сум што целокупниот здравствен систем е мобилизиран и функционира како едно. Ова се само дел од моите колеги од Службата за итна медицинска помош која во секое време во денот е на терен и ја дава својата максимална здравствена заштита за сите пациенти.
Да ги почитуваме мерките и заеднички да го стопираме ширењето на коронавирусот“, напиша министерот.
Сестра Азра Чајани
Фотографиите се направени од фоторепортерката Arbnora Memeti од Мета – новинска агенција.
Сестра Марина Иловска
Сестра Силвана Михајловска
Сеад Абди, возач