“ОВА НЕ Е ПОМОШ“: Изгорени свеќи во хуманитарен пакет за Хрватска (ФОТО)

by Тони Зографски

Активистка на Црвениот крст во Хрватска, Катарина Зориќ, реагираше на социјалните мрежи на содржината на еден пакет со хуманитарна помош за настраданите од земјотресот во Хрватска. Таа ја фотографираше и објави содржината на пакетот.

-Ова не е хуманитарна помош!-напиша Зориќ.

Инаку, пред два дена силен земјотрес погоди делови во Хрватска. Направи голема материјалнаштета во градот Петриња и околината. Загинаа 7 лица, а повеќе се повредени. Цела Хрватска и регионот се организираа да помогнат, но понекогаш ќе се најдат и вакви непримерни и неочекувани содржини во пакетите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com