Наоми Кембел (53) е вистинска икона во светот на модата, а со својата појава и харизма ги засенува и нејзините помлади колешки.
Викендов, таа беше дел од ревијата на модната куќа „Александар Меквин“, која ја претстави својата пролет/лето колекција за следната година.
Инаку, ова е последната колекција под креативната палка на директорката Сара Бартон, која по 13 години водење на модната куќа ја напушта својата позиција. Тоа беше доволна причина за Кемпел да ја понесат емоциите и да се расплаче за време на своето дефилирање.
„Ми беше чест да го затворам ова поглавје на одличната Сара Бартон. Вие не само што сте неверојатна креативка, туку сте и исклучителна сопруга, мајка и најверна пријателка со најчисто срце. Ова не е збогум, туку е почеток на една нова ера за Сара Бартон“, напиша моделот на Инстаграм.
Сара Бартон не ги откри причините за нејзиното заминување, па нејзината одлука да ја напушти единствената модна куќа во која работела сè уште интригира многумина.
https://twitter.com/i/status/1708180864478142517