Рејчел Брамерт, од Шарлот, Северна Каролина, била три недели во самоизолација а минатиот четврток дознала дека се заразила со вирусот корона.
Рејчел за WCNC изјавила дека е во изолација затоа што страда од автоимуна болест, што ја прави особено ризична од инфекција. Таа верува дека се заразила со допирање на ќеси со храна што и биле доставувани.
„Едвај имав контакт, дури и не ја допрев“, рекла Рејчел, мислејќи на жената што и носела намирници.
Таа додала дека не носела ракавици додека ги земала ќесите.
Освен контактот со жената што и донела храна, Рејчел остварила контакт и со фармацевтот кога последен пат престојувала надвор од дома пред три недели.
“Јас страдав од грип, но ова не е како грип. Ова е сосема друго чудовиште”, вели Рејчел.
Во САД досега од 23.600 луѓе починале од вирусот корона.