Еден маж денеска напладне ги изненади Загрепчани шетајќи го својот ној на главниот плоштад. Го шетал како куќен љубимец, а луѓето со чудење го гледале и го фотографирале со мобилните.
Нојот се вика Францелј, од Љубљана е и има дозвола за шетање по град во друштво на неговиот сопственик .
Неговите газди Јанез и Симона Цетин имаат идеја нојот кој е стар пет месеци да го припитомат, и да го научат децата да го јаваат бидејќи им се потребни пари за прехрана на останатите животни кои ги чуваат. Месечно им се потребни околу 1.500 евра.