Српската глумица Даница Максимовиќ (68) отсекогаш важела за една од најубавите актерки, која и сега, во седмата деценија од животот, изгледа многу помладо.
Таа на својот Инстаграм профил секојдневно објавува фотографии на кои многу често позира во разголени изданија и признава дека не и е грижа за негативните коментари.
„Кога сум во џакузи, навистина сум среќна и го споделувам тоа, но во џакузи не можам да влезам во скафандер, туку во бикини. А тоа што многумина ова ги иритира и го коментараат, не ми е гајле, зашто ова задоволство никој не може да ми го забрани. Јас сум хедонист и ќе го правам тоа се додека мислам дека е пристојно“ – искрена е Даница.