Ким Кардашијан објави селфи направено на тропска локација, во сиво бикини и со пуштена руса коса.
Во преден план е нејзиниот голем задник и бујните облини, кои на некој начин се заштитен знак на Ким.
„Гледајќи назад на 2022 година“, гласи натписот на сликата што таа ја сними од нејзиниот одраз во огледалото.
Фотографијата за 12 часа им се допаднала на повеќе од 2,8 милиони луѓе, а коментарите се посебна приказна.
Едни ја фалат, истакнувајќи дека е убава и дека „гори“ од привлечност. Сепак, негативните реакции преовладуваат повеќе.
„Ова е смешно“, „Толку болно. Заборавила дека нејзините деца ќе го видат ова“, „Најди работа“, „Вулгарност до максимум“, „Ова е фотографија што не се објавува“, „Покриј се и постапувај соодветно на твојата возраст“, „Имаш 42 години“, „Имаш повеќе од 40 години“, „И ти си мајка“, „Твојата ќерка ќе го види ова“ (алудирајќи на нејзиното најстаро дете Норт Вест).