Инфлуенсерката Кристин Гомез, која важи за горда сопственичка на најголемите гради на Пиринејскиот остров, поминала три дена во Дубровник, по што отпатувала на островот Паг за да ужива на фестивалот „Hideout“.
„Еј, Хрватска, пристигнав! Мојата прва станица е Дубровник, но само се загревам за она што следува на островот Паг“, напиша во објавата атрактивната Шпанка која во овој град пристигнала во неделата.
Кристин се фотографирала во еден од дубровничките хотели во старото градско пристаниште, а по три дена отпатувала на островот Паг каде ќе ужива во остатокот од својот одмор. Кристин (41) уживала и во Зрче, па своите впечатоци ги споделила на Инстаграм:
„Ова е одлично место за луда забава, но има премногу млади луѓе. Се чувствувам како нивна мајка. Но, секако ќе уживам во моите ВИП билети, како да нема утре“.