“Состојбата на ширењето на коронавирусот во светот фактички преставува проба за биолошка војна, која покажува колку светскиот здравствен систем е подготвен на слични предизвици“, -вели претседателот на“Национална медицинска комора“, доктор Леонид Рошалј.
“Ова моментална состојба е фактички проба за биолошка војна. Се работа само за тоа, а не за нуклеарна војна, или пак за тероризам. Прашање е колку светскиот здравствен систем е подготвен за се ова, а колку сме и ние подготвени. Мораме да бидеме доволно разумни“, изјави Рошалј за телевизискиот канал “Русија 24“.
Според негово мислење, поради ширењето на коронавирусот сега се помалку има места во болниците а се намалува и бројката на медицински кадар.
“ Мораме да сториме се во регионот да има доволна медицинска заштита. Не е проблем кога во случај на некоја несреќа пациентот ќе се донесе во Москва, но ако Москва не биде оперативно, што тогаш? Затоа мора да се унапреди здравството“ истакнал рускиот доктор.
Инаку, во моментов во Русија се регистриран 438 инфицирани со коронавирус, 17 се излекувани, а околу 52.000 се под лекарски надзор.