Во Германија инфлацијата е на високо ниво, па домаќинствата се борат против скапиот бензин, дизелот, струјата и зголемените животни трошоци.
Попустите и супермаркетите сега ги прилагодуваат цените на асортиманот во редовни интервали. Цената на путерот за неколку месеци порасна од 1,65 на 2,29 евра. Наместо 89 центи, потрошувачите за литар сончогледово масло плаќаат дури 4,99 евра.
Погодени се и угостителските објекти. Храната и пијалокот се поскапи од било кога. Сопствениците на ресторани и барови треба да ги префрлат на гостите растечките трошоци за струја, парно и вработените. Меѓутоа, наместо да ги зголемат цените на храната, виното или пијалоците, сопствениците на ресторани одат чекор понатаму. Ја намалуваат големината на порциите и служат помали количини пиво и вино, пренесе германски „Фокус“.
Во се повеќе кафулиња гостите треба да одлучат дали да пијат топол пијалок со млеко или шеќер. Чајот и кафето, засладени со малку млеко, понекогаш се поскапи и до 30 центи. И во рестораните угостителите бараат од гостите да платат доколку нарачаат, на пример, кечап или мајонез со компири.
Доплатите се движат од 50 центи до дури едно евро.