Последниве две години лој не го постави прашањето „Дали пандемијата конечно заврши?“ во изминатите две години или „Кога конечно ќе можеме да продолжиме со нормален живот?” Одговорот на тие прашања – дава анализата на Џејмс Галагер, новинар на БиБиСи кој се занимава со здравје и наука.
Ова може да се случи многу брзо. Се повеќе се верува дека Велика Британија се движи кон самиот крај на пандемијата. Но, што е следно? Вирусот нема магично да исчезне. Наместо тоа, ќе треба да се навикнеме на новиот збор – „ендемичен“, што всушност значи дека Ковид дефинитивно останува со нас.
Нова ера?
Дали сме навистина на прагот на нова ера на ковид и што ќе значи тоа за нашите животи?
„Малку ни недостига, ова е сега почеток на крајот, барем во Обединетото Кралство“, рече професорот Џулијан Хискокс, раководител на Одделот за заразни болести и глобално здравје на Универзитетот во Ливерпул.
„Мислам дека нашите животи ќе се вратат речиси целосно на она што беа пред пандемијата во 2022 година“.
Она што се менува е нашиот имунитет. Новиот корона вирус се појави пред две години во кинескиот град Вухан, а ние тогаш бевме ранливи. Тоа беше сосема нов вирус со кој нашиот имунолошки систем немаше контакт и немавме вакцини или лекови кои ќе помогнат во борбата против него.
Резултатот беше како некој да активирал фрлач на пламен во фабрика за огномет. Ковид експлозивно се рашири низ светот, но пожарот што тој го предизвика не може вечно да гори со ист интензитет.
Од почетокот имаше две опции – или ќе го задушиме ковидот, како што беше случајот со еболата во Западна Африка, или вирусот сам ќе се смири, но и ќе остане со нас долго време и ќе се придружи на цела низа ендемични инфекции – од настинка до ХИВ, сипаници и маларија до туберкулоза – кои се секогаш присуНеизбежна опција
За многумина, оваа втора опција – со оглед на тоа дека се работи за вирус кој се шири низ воздухот, дури и пред да се појават симптомите кај заразените луѓе – беше неизбежна од самиот почеток.
„Ендемичноста е впишана и во овој вирус“, рече д-р Елисабета Гропели, виролог од Универзитетот Сент Џорџ во Лондон.
„Јас сум голем оптимист, наскоро ќе дојдеме во ситуација вирусот да циркулира, ќе се грижиме за заштита на најзагрозените, додека за сите други што ќе се заразат ќе го прифатиме тоа, бидејќи просечниот човек ќе закрепне“ вели д-р Гропели.
Епидемиолозите, кои го проучуваат ширењето на болеста, обично сметаат дека инфекцијата е ендемична кога нејзиното ширење е доследно и предвидливо, кога нема ненадејни експлозии на „случаи“ какви што видовме во различни бранови на оваа пандемија.
Професорката Азра Гани, епидемиолог на Империјалниот колеџ во Лондон, вели дека терминот „ендемичен“ значи живеење со ковид, но без ограничувања. Таа мисли дека ќе стигнеме таму „многу наскоро“. „Се чини дека помина многу време до оваа фаза, но помина само една година од почетокот на вакцинацијата и веќе сме послободни од порано поради тоа“, рече Гани.
Единствено што може да го наруши ваквиот развој на ситуацијата е појавата на нова варијанта на коронавирусот која би можела да ја преземе доминацијата на омикронот и со тоа да предизвика значително потешка клиничка слика.