Мерилин вос Савант е најинтелигентната личност на планетата што била тестирана со тест за интелигенција. Родена е во Мисури во 1946 година, живеела нормално и повлечено детство сè до 10. година, кога со тест било утврдено дека е натпросечно интелигентна.
На возраст од 10 години, нејзиниот мозок бил развиен како кај човек од 22 години и 10 месеци, а општиот резултат ѝ изнесувал 228. Коефициентот на интелигенција кај нормален човек е помеѓу 85 и 115.
Сепак, нејзините родители не сакале Мерилин да оди наоколу и да се фали дека е паметна, па оваа информација ја сокриле од јавноста, со цел да може да живее како и сите други деца.
Сепак, вистината не може да се сокрие од јавноста, па набрзо Мерилин ја добила славата што ја заслужувала.
Кога пораснала, Мерилин се запишала на факултет, но го напуштила 2 години подоцна, бидејќи ѝ било здодевно. Почнала да заработува и да гради кариера тргувајќи со акции и недвижнини. И покрај тоа, нејзината вистинска страст било пишувањето. Ги искористила своите лични инвестиции за да си дозволи да стане писателка со полно работно време. Но дури и тогаш, Мерилин пишувала романи и кратки приказни под псевдоним, за да остане анонимна.
Во 1988 година, нејзиниот живот се променил. Нејзиниот неверојатно висок коефициент на интелигенција од 228 завршил во Гинисовата книга на рекорди. Одеднаш станала славна личност.
Покрај тоа што се појавила во неколку емисии, Мерилин не дозволила медиумите да влезат во нејзиниот живот. И понатаму била посветена сопруга и мајка, која ги пишувала своите текстови и живеела мирно.
Во 1987 година се омажила заРоберт К. Џарвик, хирург кој развил механичко вештачко човечко срце. Но луѓето не можеле да ѝ го простат тоа што не го користи доволно својот мозок и потенцијал и што го троши животот на тривијални работи. Добивала гневни пораки, а луѓето дури и шпекулирале дека можеби не е генијалка.
Во едно од интервјуата, таа има изјавено дека коефициентот на интелигенција е само „капацитет“, начинот на којшто ја користите својата интелигенција. Кажала и дека таа не е калкулатор, туку човечко суштество.
И покрај сите приказни за неа, Мерилин смета дека е на вистинскиот пат:
„Општеството ни нуди толку многу. Мислам дека не правиме доволно за да возвратиме, но мислам дека сите имаме општествена одговорност и мислам дека јас ја исполнувам својата. Мислам дека пишувањето е одличен начин да им го вратам на луѓето тоа што тие ми го дадоа мене.“