Откако вчера објави дека по 14 години и завршува бракот со екс фудбалерот Душко Тошиќ, српската пејачка Јелена Карлауша доцна синоќа „заглави“ во нови проблеми.
Таа во поплавените улици низ Белград заглави до колена во вода.
Како што може да се види од приказните кои ги објави на Инстаграм, тип топ средената Јелена морала да побара помош за да се извлече од својот поплавен автомобил.
Белград, синоќа го зафати големо невреме, по што многу улици беа поплавени. Бројни белграѓани останаа заглавени во вода со своите автомобили. Во неволја се најде и пејачката Јелена Карлеуша која заврши „до колена“ во вода.
Ова е најлошиот ден во мојот живот. Не можам да го запалам џипот, напишала Јелена Карлеуша на социјалните мрежи.