Ибица е традиционално собиралиште на познатите и богатите, па летово таму се собраа многу лица од светскиот шоубизнис. Меѓу другите, овој шпански остров за одмор го избрала и познатата манекенка Изабел Гулар, која моментално престојува на луксузна јахта во близина на Ибица.
Папараците успеаја да ја фатат како се излежува на палубата, а фотографиите јасно докажуваат колку е сексапилна оваа дама.
Убавата Бразилка може да се пофали со една од најзгодните фигури во светот на манекенството, а нејзиното тело е идеално извајано и сосема природно. Изабел вежба редовно и напорно, а јасно се гледа – секој мускул на нејзиното тело е дефиниран, а ја красат и , „челични“ стомачни.
Таа парадираше на јахтата во ситни портокалови бикини, кои ги истакнаа нејзините долги нозе, рамниот стомак и заоблениот задник.