Ова е најздравиот појадок на светот, се прави брзо и лесно

by Тони Зографски

Ова е појадок кој ќе ви овозможи на здрав начин да го започнете секој ден, бидејќи е преполн со хранливи материи кои ќе ве држат сити многу подолго.

Познавачите на кулинарството споделија рецепт за „најсовршениот омлет“ кој изгледа како да излегол од менито на некој познат ресторан, а сигурно ќе ви се допадне и на вас, објави Б92.нет.

Како точно изгледа тој омлет?

Совршениот фил за омлет има три состојки:

Состојки:

– Сланина

– Козјо сирење

– Авокадо

Подготовка:

Започнете со топење на путерот во тавче додека дното убаво не се подмачка со него. Јајцата се матат додека целосно не се соединат белките и жолчките. Полека истурете ги јајцата во тавата подмачкана со путер и зачинете ги. Кога ќе бидат речиси готови, нежно превртете ги на другата страна.

Извадете ги јајцата од шпорет и додадете ги авокадото, козјото сирење и сланината!

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com