Ова лето донесе голем број хитови од крајбрежјето, од Грција, Хрватска и Црна Гора, а луѓето на интернет ги обожаваат.
Но, една фотографија од хрватското крајбрежје повторно го воодушеви регионот. Страницата „Дневна доза на просечен Далматинец“ објави слика од постар господин кој ужива во плитко и на народен јазик тоа го прави за сите пари. Фотографијата ја нарекоа „кралот на летото 2022“ и веројатно се во право.
Имено, тој донел столче кое го ставил во водата, заедно со мала маса на која има шишиња пиво, како и храна.
„Топ“, „Тоа се вика живот, кој знае, знае“, „Така и јас, штом појдам на море“, „Прекрасно море, само за уживање и пиво“, „Ова ни фали“, „Паметен човек, се гледа дека земал и две пива… единствено штета е што морето не лади, па да си има гајба до него“…, се само дел од коментарите.