Претседателот на САД, Доналд Трамп на прес конференцијата изјави дека Американската управа за храна и лекови – ФДА издала одобрение за итна употреба на конвалесцентната плазма за лечење на корона вирусот кај хоспитализираните пациенти.
Трамп ова го нарече „исторско откритие“.
– Ова навистина е историски ден. Се работи за моќна терапија која овозможува со трансфузија на многу јаки антитела од крвта на оздравени пациенти за да им се помогне на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека тоа лекување е многу успешно – рече Трамп на прес-конференцијата и ги повика луѓето кои оздравеле да донираат плазма.
Инаку, конвалесцентната плазма е создадена од крвта на луѓе кои се опоравиле од Ковид 19, а покажала успех и кај други два смртносни вируси – МЕРС и САРС. Се корости и за лечење од грип и ебола.
Кон крајот на март ФДА им отвори пат на научниците да се обидат да лечат со крвна плазма и да го проучат нејзиниот ефект. Досега во САД се лечени над 60 000 лица на овој начин.