Иако е најбогата држава во Европа, Лихтенштајн нема ниту аеродром ниту железница, а граѓаните имаат 90 минути пауза за ручек. За тие час и поливина, од 12 до 13.30 часот, државата мора да биде во тишина, односно, не е дозволено косење на трева ниту гласна музика.
Исто така, Лихтенштајн им наложува на своите граѓани секоја година, во февруари или март, да земат еден месец слободно, за да се занимаат со спорт, на таканаречениот “спортски празник“. Плус данокот на добивка е само 12.5 одсто, што е еден од најниските во Европа.
Државата нема излез на море, една е од најмалите со 40.000 жители, од кои една третина се странци.
Иако не е членка на Европската унија, дел е од Европска слободна трговска зона и од Шенген зоната. Меѓутоа, Лихтенштајн е постојано цел на меѓународни притисоци, па дури и се најде на црната листа на ЕУ кака држава што не соработува при даночниот надзор.