На Лусијана Хименез ѝ успеало тоа што ниедна жена не можела да го направи. Имено, таа успеала да го уништи најстабилниот брак во Холивуд. Позната е како љубовница на Мик Џегер, од чиј кревет не станувала додека тој не ја оставил својата сопруга поради неа.
Поранешната манекенка и водителка денес има 54 години и тело од соништата. Лусијана имала љубовна афера со Мик Џегер, кој тогаш бил во брак со Џери Хол.
Лусијана открила дека носи дете на Мик во 1998 година по нивната осуммесечна афера, поради што Џери и Мик ја раскинале 22-годишната врска.
Во 1999 година Мик Џегер рекол дека Лусијана била капката што ја прелила чашата кога станува збор за неговата врска со Џери Хол. Еве што кажала Лусијана за Џери:
„Не знам што чувствува кон мене, но јасно ми е дека веројатно сум ја повредила.“
Лусијана открила и дека ѝ испратила писмо со извинување поради тоа што ѝ го направила:
„Не ми одговори. Не очекував дека ќе го направи тоа, но сакав да знае дека ми е жал. Луѓето забораваат дека можеш да се вљубиш во секого, без разлика дали е богат и славен или не е. И богатите луѓе љубат. Славните луѓе љубат. Сè е едното исто. Не е важно. Сите и онака ќе умреме на истиот начин“, заклучила таа.
Инаку, Мик моментално е во врска со 46-годишната балерина Мелани Хемрик, а заедно се од 2014 година и имаат син Девер Октавијан. Јавноста често се интересира за љубовниот живот на Џегер, додека неговите блиски тврдат дека е во отворена врска со балерината.
Уште додека таа била бремена, музичарот често бил забележуван во друштвото на манекенката Маша Руденко. Потоа, се шушкаше за неговата романса со младата продуцентка Нур Алфалах, која го придружувала на сите концерти. Таа минатата година доби син Роман со Ал Пачино, а моментално ја поврзуваат со Дени Девито.