ОВА Е ВИСТИНСКИОТ ДОКТОР НА ПЕЈАЧОТ: Тома доаѓаше во болница кога сака, си заминуваше кога сака (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Покрај главниот лик најголем интерес во филмот „Тома“ имаше за неговиот доктор кој секаде одеше со него и станаа добри пријатели.

Некои делови во филмот се додадени, но некои се вистинити. Иако се пишуваше дека всушност ликот на згодниот доктор е измислен, тој постоел и многу од случките во филмот поврзани со него се вистинити.

Неговата сопруга истакна дека тој имал дури 5 доктори кои се грижеле за неговото здравје и кои многу го сакале, но сепак ниту еден од нив не го придружувал на концертите и патувањата, а и неговата Лилјана сепак е измислена.

Всушност песната „За Лилјана“ е посветена на поранешната сопруга на режисерот Бјелогрлиќ.

Докторот кој го лечел Здравковиќ се викал Дејан Елаковиќ од Клиниката за урологија.Тој вели дека добро го познавал Тома и дека музиката му била се во животот.

-Го сакаше тој живот, ја сакаше музиката. На почетокот не знаев кој е тој но подоцна се запознавме кога доаѓаше на прегледи. Сите го сакаа на Клиниката, и пациентите и персоналот. Иако боледуваше од тумор на бешиката тој не придаваше на тоа големо значење и си го живееше нормално животот. Иако го предупредувавме тој доаѓаше во болницата кога сака, си заминуваше кога сака.Си го живееше животот-раскажува докторот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com