Персоналот на болницата се обиделе на неколку пати да го тргне и да го избрка од болницата, но Ксиао секогаш се враќал.
Кога во април мерките во Кина попуштиле, сопственикот на супермаркетот во склопот на болницата почнал да се грижи за кучето.
“Ми кажаа дека неговиот сопственик умрел од коронавирус и дека сеуште го чека во ходникот. Тоа ме погоди. Сега се спријателивме и секој ден ме чека наутро пред маркетот – изјавил трговецот.
Во мај луѓето се пожалиле зошти кучето е во болничкиот ходник, па Ксиао бил одведен од тамошните служби задолжени за домашни љубимци, па откако бил стерилизиран и вакциниран сега му се бара дом.