На земјениот терен на еден од клубовите во Белград, македонскиот уметник Андреј Јосифовски направи најголем портрет на светот на Новак Ѓоковиќ.
Цртежот е долг 24 метри, широк 11 метри, а се наоѓа на точно 264 квадратни метри. На Андреј за правење на портретот му беше потребно шест часа ноќна работа.
Ѓоковиќ ги остварува нашите соништа. Тој ни е мотивација. Тешко е да се најдат зборови со кои би го опишале неговото значење. Ќе цитирам една реченица од мој другар кој рече „Сите вие кои немате можност да ја видете неговата светлина, ќе останете таму, во мракот на неговата сенка“. Е тој е Новак Ѓоковиќ. – рече Јосифовски за српскиот тенисер.