Фудбалерите на Ал Хилал го совладаа Ал Итихад со 4:1 и го освоија шестиот трофеј во Суперкупот на Саудиска Арабија. Сепак, впечатокот го расипа страшната ситуација на крајот од натпреварот.
Стрелецот на голот за Ал Итихад, Хамдала се приближи до трибините и во таа прилика влезе во конфликт со гледач кој беше облечен како Шеик. По вербален конфликт, фудбалерот го поли со вода навивачот, а потоа следел брутален одговор.
Шеикот извади каиш и почна да го удира Хамдала, кој добил два удари. Фудбалерот сакаше да ја прескокне оградата и да се справи со напаѓачот. За среќа, кулминацијата на ситуацијата била прекината.
https://twitter.com/i/status/1778524604082131076