Актерите Џорџ Клуни и Бред Пит заедно пристигнаа на филмскиот фестивал во Венеција.
Бред Пит во Венеција пристигна порано со својата девојка Инес де Рамон, додека Клуни во Италија со сопругата Амал.
Тие двајца на Фестивалот го промовираат новиот филм „Волци“, а доаѓањето на Клуни и Пит предизвика овации.
Тие пристигнаа заедно, со брод и трпеливо им позираа на насобраните новинари.
Пит пристигна на фестивалот само неколку дена откако неговата поранешна сопруга, американската актерка Анџелина Џоли, која доби пофалби за нејзиниот портрет на оперската пејачка Марија Калас во „Марија“, набргу потоа ја напушти Италија за да присуствува на друг фестивал.
Со оглед на тоа што и двајцата се омилени на жените, нивниот изглед најмногу ги израдува дамите, а имаше многу коментари дека и изгледаат се подобро и подобро со годините.