Повеќе од 2.300 луѓе дојдоа на комеморацијата која се одржа на Универзитетот во Едмонтон, во чест на 57 загинати канадски државјани во ракетираниот украински авион веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран.
“Можеби се чувствувате како да сте неподносливо осамени, но не сте сами. Целата ваша земја е со вас, вечерва, утре, во годините кои доаѓаат. Оваа трагедија никогаш не смееше да се случи, порача премиерот Џастин Трудо.
Инаку, Иран призна дека по грешка го ракетирале патничкиот авион во кој загинаа 176 патници и членови на екипажот.