Познатиот музичар Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа го сподели своето искуство со коронавирусот од кој боледувало целото негово семејство.
“Оваа петорка трчаше на Скопски преклани, но оваа година ја “протрчавме” и короната. За среќа со минимални симптоми и “психолошки ”проблеми. Ајде по ред.
Прво ќерка ми пројави минимални симтоми, се тестираше и оп! Позитивна! Брзо тестирање на цела фирма и сите негативни! Уф,добро е си викам! Жена ми се се тестира со нив заедно и “негативна”. Супер си викам, не се заредила по сите, кога син ми се жали ноќта на малку повисока температура, утредента тест и он и снаата позитивни. Бидејќи јас спаѓам во „ризичните” ради претходната болест, одам да се тестирам и да направам кр вна слика. По сите параметри на крвната слика, немам корона вика докторот. Радоста траеше до 18 часот, кога ми соопштија дека и јас сум позитивен. Сега од петорица четворица сме позитивни!?
Таа ноќ, ја минав во илјадници прашања, што, како ќе биде, па така потонав во сон најмо рбиден во мојот живот. Татко ми починал, па јас не сум можел да одам на погреб ради короната, а мајка ми во болница!? Останувам така немоќен и конечно се будам во паничен страв, дека конечно е готово и со мене? Се будам ,мерам притисок:180 со120!!!! Срцето 125 у место?!
Се дофаќам за апчиња за притисок кои се тука од времето кога лежев во болница, пак мерам притисок,после десет минути:200 со 100, срцето 145!? Викам ок…Тука е крајот???? Ми текнува и мерам температура :36.6…Кислород 98!?Викам:ова се два параметри кои кажуваат дека сепак ќе се извлечам!?
Мерам по 15 минити притисок, но некако се чуствувам смирено…132 со 85 со 75 отчукувања! Телото и паничниот страв ,направиле некаков пакт и еве ме назад.
Останатото го поминав со малку главоболка, и мал синусит…Темература јок, ни еден ден…
Да додадам дека од првите симтоми на ќерка ми не излегов од дома, бидејки ако се рашетав тие денови по Водно, кеј и со моторите како и секоја година ќе направев едно убаво кластерче.
Да не должам: сите помалку повеке го поминавме ковидот без посебни проблеми, но вредно е да се забележи: на секој обид за спортска минимална активност пулсот ми се качуваше вртоглаво, така да се воздржав до крајот од такви егзибиции..
Денеска првпат малку подолго прошетав и можам да кажам дека сега, се е ок, ама за пешачење. Денеска и последниот член кој дефакто последен падна (жена ми) се чуствува добро. Ние се збогувавме со “чудо виштето” на најдобар можен начин.
Сите со лесно и без последици! Мајка ми 85, татко ми 94 и сестра ми 66 не добија за среќа симптоми, и без разлика што се цел живот позитивни, овој пат се спасивме што останаа “негативни”. Сполај ти Боже за искуството“, напиша Перо Камиказа на Фејсбук.