Манекенката Ејми Хиер гордо кажува дека не ја депилира интимната зона и храбро го покажува тоа, но не е единствената!
Некој би рекол дека во 2022 година не треба да разговараме за слободата кога станува збор за депилација, како и дали некој треба или не треба да прави нешто, но оваа тема очигледно за некои е сè уште табу.
Пример за тоа е манекенката Ејми Хејер, која беше мета на злонамерни коментари, само затоа што не ја бричи интимната регија.
Ејми редовно прикачува фотографии и клипови на своите мрежи на кои ги покажува не само недепилираните препони, туку и пазувите, а со својот пример ги охрабрува другите. „Значи, ако влакната не требало да бидат таму, воопшто немаше да растат на нашите тела“, смело изјави манекенката.
Секако, бројни дами ја поддржаа и ги споделија своите искуства кои ги натераа да се „откажат“ од депилации, а зачудувачки ја поддржаа и многу мажи. Ејми вели и дека се грижи за својата интима, ги одржува нејзините срамни влакна долги и меки и користи специјален шампон и регенератор.
„Мислам дека е кул и секси, искрено“, „Влакната се секси, не знам зошто тоа е проблем за некој“, „Сакам кога девојка ми изгледа природно!“, „Не треба да се срамиш, само нека расте“, „Нема ништо лошо во бричење, нема ништо лошо во чување на влакна. Што и да посакате правете го ако сметате дека е вистинскиот избор за вас“, беа само дел од коментарите под нејзините видеа.