Кога ја пронајде оваа жена во нејзиниот стан, „јутјуберот“ Дру Бински беше вџашен од религиските постери на ѕидовите во нејзината дневна соба на коишто се наоѓаат ликовите на Богородицата Марија со Исус, како и нејзини слики од младоста.
Таа живее во голема куќа којашто ја добила од тамошен министер, а со неа живеат нејзината ќерка и сестра. Таа има голема градина во којашто одгледува зеленчук којшто го јадат нејзината сестра и ќерката како и пријателите кои доаѓаат да ја посетат.
„Јас готвам колку што сакам, но никогаш немам апетит“, вели оваа необична жена од Етиопија, а на прашањето кога и поради што престанала да јаде, таа одговорила: „Пред 16 години, моите родители ме разбудија и ми кажаа да појадувам и да одам на училиште, а јас се преправав дека јадев и така оттогаш ниту јадам ниту пијам“, и вели дека лекарите на почетокот мислеле дека полудела и дека не ја кажува вистината но подоцна ѝ поверувал кога видел дека во нејзиниот стомак нема воопшто храна.
„Лекарот дури се чудеше и како успеав да родам дете. А јас не можев да ја хранам, немав доволно млеко во градите, додаде жената и смета дека сето тоа што и се случува е дело на Бог.
Таа иако се сеќава на својот последен оброк, смета дека никогаш повеќе нема да дојде моментот кога таа повторно ќе сака да јаде. Исто така вели дека секој оној којшто не и верува или се сомнева во тоа дека не јаде и не пие, може да дојде и да помине време со неа за да се убеди дека ја кажува вистината.
„Јас сум голем верник, секогаш одам в црква каде има света вода но јас ниту нејзе не ја пијам“, кажа жената, и вели дека била на преглед кај четири различни лекари коишто и кажале дека е здрава но дека не можат да пронајдат објаснување за тоа зошто таа не може да јаде или пие.