Бразилската манекенка и инфлуенсерка, 35-годишната Јанаина Празерес, потрошила цело богатство од дури 940 илјади евра на својот изглед, а сега вели дека убавината е како затвор.
Имено, жената која норвешкиот „Плејбој“ ја прогласи за совршена жена поради пропорциите на нејзиното тело, сфатила дека поради тоа што постигнала совршенство во изгледот, сè потешко ѝ е да живее спонтано и безгрижно.
Празерес легнала под нож на само 18 години, а сега се прашува дали нејзиниот неверојатен изглед е проклетство или благослов.
„Луѓето очекуваат од мене да бидам беспрекорна во секој момент. Секој мал недостаток станува причина за критика. Ако сум без шминка, на пример, добивам коментари дека изгледам како комплетно друга личност. Очекувањата не само што ме исцрпуваат, туку и ме оддалечуваат од безгрижниот и спонтан живот. Мојот изглед стана затвор“, објаснила манекенката.
„Поради тоа што сум премногу убава, понекогаш луѓето ме гледаат како предмет или трофеј. Исто така, тешко ми е да градам женски пријателства, бидејќи често чувствувам љубоморна атмосфера. Тоа ми го отежнува градењето искрени односи. Научив да се бранам себеси и да поставам граници, па така луѓето не ме почитуваат само поради физичкиот изглед.
Некои можности за работа дури и ми се ограничени, бидејќи мојата убавина честопати ги засенува другите мои квалитети, поради што луѓето ги потценуваат моите професионални вештини“, додала таа.
Досега, Празерес имала три операции на носот, две операции за реконструкција на носот, четири липосукции, фејслифтинг, отстранување на масното ткиво од усните и подигнување на усните, три операции за реконструкција на градите, четири отстранувања на масното ткиво од вратот и ребрата, става ботокс секои три месеци, како и многу други третмани и естетски зафати. И сè уште не планира да застане!