Рускиот сервис на Радио Слободна Европа (RSE) и Schemes (истражувачки проект на украинскиот сервис RSE) спроведоа истрага за телефонски разговор во кој руска државјанка му кажала на својот сопруг, војник, дека му е дозволено да силува Украинки.
Истрагата покажа дека Роман Бајковскиј (27) и неговата сопруга Олга Бајковскаја разговарале за силување на Украинка за време на разговорите кои ги пресретнале украинските служби на 12 април.
„Да силувам и ништо да не ти кажам?
Вака звучел нивниот телефонски разговор:
Бајковскаја: Значи, силувај Украинки. И не ми кажувај ништо. Дали разбираш? (се смее).
Бајковски: Да силувам и ништо да не ти кажам?
Бајковскаја: Да, важно е да не знам за тоа (се смее).
Бајковски: Значи смеам?
Бајковскаја: Да, можеш, но користи заштита.
РСЕ и Scheme ги добиле телефонските броеви на сопружниците од извори во украинските безбедносни служби и ги пронашле профилите на Бајковскиј и неговата сопруга на социјалните мрежи, јавува Радио Слободна Европа. Фотографиите од социјалните мрежи покажуваат дека Роман Бајковскиј е припадник на руските вооружени сили.
РСЕ стапи во контакт со Бајковскиј, кој го потврди неговиот идентитет и рече дека се наоѓа во Крим, но негираше дека учествувал во споменатиот разговор.
Олга Бајковскаја рече дека нејзиниот сопруг е ранет и сега е во болница. Ниту еден не сакаше да одговори на другите прашања.
Но, и покрај тоа што Бајковскиј и неговата сопруга негираа дека разговарале на телефон за силување на Украинки, истрагата на RSE и Scheme откри дека нивните гласови се совпаѓаат со оние што ги снимиле украинските безбедносни служби.
Дури и да станува збор за шега или хумористичен разговор, снимката од телефонскиот повик се појави во услови на зголемен број тврдења на Украинки дека биле силувани од руски војници за време на инвазијата, заклучува Радио Слободна Европа.