Руските медиуми утрово објавија ново, досега невидено видео од недамнешното уривање на руски борбен авион врз станбена зграда во градот Џејск, недалеку од границата со Украина.
14 цивили, меѓу кои три деца, загинаа кога руски ловец-бомбардер Су-34 минатата недела удри во станбена зграда на југот на Русија. Пилотите се катапултирале пред падот.
Руската новинска агенција РИА објави дека несреќата се случила за време на тренинг лет од воен аеродром. Агенцијата го цитираше Министерството за одбрана дека пилотите пријавиле дека моторот се запалил при полетувањето и дека горивото на авионот се запалило кога удрил во зградата.
Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК: