Две видеа беа испратени до медиумските редекации, но не се знае од кого бидејќи се испратени од новокреирана е-маил адреса.
Во билтенот на МВР беше наведено дека на 18 септември околу 10 утрото е пријавено од страна на Клиниката за кардиохирургија дека вработен во болницата вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал директорот, по што ја напуштил болницата и самиот се пријавил во полициска станица.
По инцидентот Јовев за дел од медиумите тврдеше дека отишол во полиција да пријави напад и мобинг врз него, кажувајќи дека завршил со оток на окото, бидејќи Шокаровски замавнал и несакајќи го удрил со лупите што ги носел во моментот.
Јавното обвинителство се уште нема пријава против д-р Јовев.