На веб-страница „вк.ком“ од страна на профил „Илија громовник“ се објавени четири нови прислушкувани разговори
Во првиот разговор се слуша гласот за кој пишува дека е на поранешниот претседател Бранко Црвенковски како разговара со соговорничка за извесен „Дамјан на Рада“. Видеото е со наслов „Црвенковски ги објаснува грчките фирми на Манчевски“.
Во вториот разговор се слушаат гласовите за кои пишува дека се на професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу како разговараат за процесот на лустрација.
Третиот разговор носи наслов „Кочо и Саше проблем за ЕЛЕМ и државата“.
Во последниот објавен разговор се слушаат, како што пишува, гласовите на сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како се координираат како да настапат пред медиумите.
Во продолжение слушнете за што се разговара
хттпс://вк.цом/видео541241845_456239019
(Извор Макфакс)