Канцеларијата од областа ЛА Каунти денеска го објави детали од несреќата во која во неделата животот го загуби Коби Брајант заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум лица.
После направената обдукција објавено е дека сите девет жртви настрадале од повредите задобиени од падот на хеликоптерот, односно, од ударот на земјата. Ова значи дека патниците починале од тешки скршеници, поради пад и удар со голема брзина. Сите деветмина загинале на лице место.
Покрај деталите од обдукцијата, се наведува дека станува збор за несреќен случај.
Инаку, авионот на Коби се урна 13 минути по полетувањето. Официјално причината за падот се уште не е потврдена, но претпоставките се дека најголем проблем направила густата магла. Покрај Коби и неговата 13-годишна ќерка Џијана, загинаа и бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, младата кошаркарка Пејтон Честер и нејзината мајка Сара, тренерот по кошарка Кристина Маусер и пилотот Ара Зобајан.
Денеска беше објавено и дека хеликоптерот Сикорски-76Б немал дозвола за летање во лоши временски услови.