Некогашната сопруга на репрезентативецот на Перу, Кристијан Куева, во телевизиска емисија изнесе жестоки обвинувања и ги документираше со видеоснимки. Памела Лопез го обвини својот поранешен сопруг за семејно насилство.
Памела гостуваше на перуанската телевизија и откри дека со години трпела физичко и психичко малтретирање.
По емисијата, таа одржа и прес-конференција каде што ги покажа шокантните видеоснимки од претепувањето.
„Ние бевме во врска 13 години и сите тие 13 години трпев насилство“, рече Памела.
„Понекогаш на тоа малтретирање присуствуваа и нашите деца, што ме боли најмногу.“
Исто така, истакна дека многу се плаши за својот живот.
#Deportes | El futbolista peruano Christian Cueva fue denunciado por violencia física y psicológica por parte de la que fue su pareja, Pamela López, quien este lunes relató en un canal local que han ocurrido "sucesos muy graves" y que "teme por su vida". #19Ago #Peru – Infobae pic.twitter.com/GPlj32Arb4
— LLanero Digital (@LlaneroDigitalV) August 20, 2024
„Тој има такви пријатели. Се плашам за себе и за моите деца, за нивниот живот. Не го препознавам повеќе, тој не е човекот што беше“, рече Лопез.
Таа истакна дека Куева многу често ја напаѓал под дејство на алкохол.
„Еднаш јас го нападнав поради неверство, а тој почна да ме тепа во лифтот. Немав воздух бидејќи ми ја држеше раката преку лицето и ме стегаше за врат. Се плашев за својот живот“, истакна Памела.
Покрај тоа, таа раскажа и шокантна приказна, кога на сопствениот роденден била брутално претепана.
Адвокатите на Памела Лопез истакнаа дека многу потежок вид на насилство останал без видеоснимки, но дека тие се исклучиво доказ за напаствувањето.
Исто така, истакнаа дека разводот веќе бил завршен во првата половина од оваа година и дека Куева ги користел и децата за да манипулира со нив против нивната мајка.
Засега легендарниот репрезентативец на Перу не ги коментира овие наводи во јавноста.
Во моментов е член на Циенциано во Првата лига на Перу, а за репрезентацијата на Перу има собрано дури 100 настапи и постигнал 16 голови.
Во кариерата имал само три излета во Европа и тоа во Рајо Ваљекано, Краснодар и во Малатијаспор.
Покрај тие клубови, играл за Сан Мартин, Сезар Ваљехо, Унион Еспањола, Алијанса Лима, Толука, Сао Паоло, Сантос, Пачука, Ал Фатех и за веќе споменатиот Циенсиано.