Се изнајмува вилата на починатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд во Монте Карло, пишува Mansion Global.
Карл, кој почина пред две години, ја купил оваа вила во 1988 година.
Куќата е изградена во 1902 година, има шест спални соби, четири бањи, два камина и соба за билијард. Терасата на куќата има 240 м2 со поглед на Средоземното Море.
Оние што ќе ја изнајмат куќа, ќе имаат пристап до приватната плажа на брегот на Монте Карло и пристап до нивниот базен и ресторани. Ноќевањето во оваа вила чини најмалку 15.000 евра. Во текот на сезоната ноќевањето достигнува цена од 45.000 евра. Куќата е изнајмена од Edge Retreats.
Оваа вила е една од најпознатите куќи на француската ривиера, благодарение на нејзината историја, декорација и локација.