Објавена снимка од моментот кога руски проектил погодува 12-катница во Киев (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Станбена зграда од 12 ката утрово е погодена во киевскиот кварт Шевченковски. Две лица се повредени, а 35 се евакуирани од зградата.

На социјалните мрежи се шири видео кое го прикажува моментот кога руска ракета удри во облакодер во Киев.

“Русите гранатираа 12-катна станбена зграда околу 5 часот по наше време. Оштетена е и соседната деветкатна зграда“, соопшти локалната градска служба за итни случаи.

Пожарот е изгаснат во 7.45 часот (наше време во 6.45 часот). Спасувачите трагаат по преживеани.

останати вести