Објавена е снимката од надзорната камера во ноќниот клуб во местото Кориналдо во близината на Анкона каде загинаа шест лица, додека околу 120 луѓе се повредени.
Меѓу загинатите се пет малолетници – три девојки и две момчиња, како и една повозрасна жена, а во тешка состојба се 14 повредени лица. Според првичните наводи на италијанската новинска агенција АНСА, човечкото стампедо било предизвикало откако некој од посетителите испрскал спреј сличен на солзавец.
Инаку, во ноќниот клуб концерт одржувал популарниот рапер Сфера Ебасте.